Државнaта секретарка на Мејн одлучи дека Доналд Трамп не може да се кандидира на прелиминарните избори на Републиканската партија во таа држава, а како причина го наведе неговиот обид да ги поништи изборите во 2020 година.
Одлуката, која сигурно ќе биде обжалена, е најновиот обид на американските држави да го задржат името на Трамп надвор од гласачкото ливче. Трамп е фаворит во анкетите во однос на републиканската претседателска номинација.
„Сведоци сме, во реално време, на обид да се украдат изборите и да се одземе правото на глас на американскиот гласач“, се наведува во соопштението на штабот на Трамп од четвртокот вечер, кратко откако државната секретарка на Мејн, демократката Шена Белоус, ја објави својата одлука.
Прочитај повеќе
Судот во Колорадо му забрани на Трамп да се кандидира за претседател
Доналд Трамп не ги исполнуваа условите да биде претседател на САД поради неговите постапки што го поттикнаа нападот врз Капитол во 2021 година.
20.12.2023
Баербок: Европа сега е подобро подготвена во случај на нова победа на Трамп
Германската министерка за надворешни работи вели дека Европа ќе биде подобро подготвена доколку Доналд Трамп се врати во Белата куќа.
18.09.2023
Трамп уверен во водството - нема да учествува во првичните претседателски дебати
Доналд Трамп најави дека ќе ги прескокне првичните дебати против другите републикански претседателски кандидати.
21.08.2023
Белоус рече дека ја презела мерката откако добила три поплаки од гласачите во Мејн, кои ги наведуваат постапките на Трамп за време на немирите на 6 јануари 2021 година во Капитол.
„Не доаѓам лесно до овој заклучок. Демократијата е света“, напиша Белоус. „Забележувам дека ниту еден државен секретар никогаш не обесправил претседателски кандидат според третиот дел од 14-от амандман. Сепак, забележувам и дека ниту еден претседателски кандидат никогаш претходно не се вклучил во бунт“.
Таа додаде дека Трамп може да се жали на нејзината одлука.
Штабот на Трамп соопшти дека другите држави ги блокирале напорите да се спречи поранешниот претседател да се кандидира.
„Државните судови во Мичиген и во Минесота го отфрлија ова злонамерно, лажно оспорување на кандидатурата врз основа на 14-от амандман, исто како и федералните судови во Њу Хемпшир, Аризона, Флорида, Род Ајленд, Западна Вирџинија, заедно со десет други сојузни јурисдикции“, се наведува во соопштението.