Владимир Путин го пофали Џо Бајден како посигурна алтернатива за Русија од Доналд Трамп, давајќи ги своите први јавни коментари за американските претседателски избори.
„Тој е поискусна личност, тој е предвидлив, тој е политичар од стар стил“, рече рускиот претседател за Бајден во интервју за државната телевизија на прашањето кој од двајцата водечки кандидати би бил подобар за Русија.
Путин го отфрли прашањето за менталната бистрина на 81-годишниот американски претседател. Тој (71) ја пофали остроумноста на Бајден на нивната последна средба, во Женева пред три години. „Дури и тогаш се зборуваше дека тој не е компетентен, но јас не видов такво нешто. Да, тој гледаше во своите белешки, но и јас ги погледнав моите. Не беше ништо страшно“.
Прочитај повеќе
Трамп е подобар избор за американската економија, покажува анкета на „Фајненшл тајмс“
Повеќе Американци веруваат дека Доналд Трамп може да ја подобри нивната економија отколку сегашниот претседател Џо Бајден.
11.02.2024
Трамп: Русија може да ја нападне секоја земја членка што не плаќа за НАТО
На предизборeн митинг, Трамп рече дека алијансата била „разбиена“ додека тој не дошол на функција и ги принудил членките да плаќаат.
11.02.2024
Прво интервју на Путин со западен новинар по инвазијата: Целите во Украина уште не се постигнати
Рускиот претседател во интервју со Такер Карлсон рече дека ќе размисли за преговори доколку САД престанат да доставуваат оружје за Киев.
09.02.2024
Бајден на прес-конференција тврдеше дека има добро памтење, па направи нов гаф
Бајден силно - а во некои моменти и луто - се обиде да се бори против коментарите за неговото слабо помнење.
09.02.2024
Трампономија 2.0: Што можеме да очекуваме ако Трамп победи на изборите
Анкета по анкета се покажува дека гласачите убедливо повеќе му веруваат на поранешниот републикански претседател.
02.02.2024
Пред осум години, Путин јавно го пофали тогашниот кандидат Трамп додека кружеа обвинувања дека Кремљ се обидел да се меша во изборите во 2016 година во негова корист. Тие тврдења фрлаат сенка врз претседателството на Трамп од 2017 до 2021 година.
Трамп постојано зборуваше со блескави зборови за рускиот лидер, додека Бајден неделава го обвини поранешниот претседател дека му се поклонува на Путин.
Овие коментари дојдоа откако Трамп минатиот викенд тврдеше дека му кажал на претседател на една земја членка на НАТО дека ќе ѝ дозволи на Русија да прави „што и да посака“ доколку неговата земја не ги оствари целите на алијансата и да ги плати потребните трошоци наменети за одбрана.
На митингот во Јужна Каролина во средата вечер Трамп рече дека Путин, пофалувајќи го Бајден, „штотуку ми даде голем комплимент. Тоа е добра работа“.
И покрај неговото одобрување за Бајден, Путин ја поздрави позицијата на Трамп за НАТО, што Москва го смета за закана. „Веројатно има некаква логика од негова гледна точка“, рече тој за коментарите на Трамп.
„Трамп отсекогаш бил нарекуван несистемски политичар“, додаде Путин. „Тој има свој став за тоа како САД треба да ги развиваат односите со своите сојузници и имаше искри и во минатото“.
Во исто време, Путин го осуди пристапот на администрацијата на Бајден кон Русија како „штетен и погрешен“. Лидерот на Кремљ, меѓу другите прашања, редовно ги критикува САД за нивната поддршка на кампањата на Украина за одбивање на инвазијата на Москва.
Путин не покажа никаков сомнеж во врска со тоа што ја започна војната. „Можеме само да жалиме што не постапивме порано“, рече тој.
Тој повтори дека САД и нивните сојузници треба да признаат дека не успеале да ја поразат Русија. „Ако видат дека не го добиваат посакуваниот резултат, тогаш треба да направат промени“, рече тој. „Но, тоа е прашање за уметноста на политиката, која е уметност на компромис“.