Русија и Кина речиси целосно престанаа да го користат доларот во меѓусебната трговија, изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров во понеделникот во Москва, пренесе Тасс.
„Повеќе од 90 отсто од порамнувањата се вршат во националните валути на двете земји“, рече Лавров. „Трговската и економската соработка меѓу Русија и Кина активно се развива и покрај постојаните обиди на западните земји да го спречат тоа“, додаде тој.
Економските врски меѓу двете земји пораснаа откако Русија ја нападна Украина во 2022 година и Западот воведе санкции. Трговската размена меѓу Русија и Кина се зголеми за 26 проценти, до 240 милијарди долари, во 2023 година.
Прочитај повеќе
Русија планира одговор на украинските напади со дронови
Чести мети на дроновите се руските рафинерии
20.04.2024
Бајден предлага повисоки царини за кинескиот челик и алуминиум
Американскиот претседател Џо Бајден повика на зголемени царини за кинескиот челик и алуминиум.
17.04.2024
Швајцарскиот парламент одби да ѝ се приклучи на групата за санкции кон Русија
Швајцарија смета дека е доволна само соработката со оваа работна група предводена од САД.
17.04.2024
Кинеското БДП забележа раст, но прашање е колку е тој одржлив
Економскиот раст на Кина е над очекувањата за првиот квартал благодарение на индустрискиот сектор.
16.04.2024