Американскиот претседател, Џозеф Бајден, го претстави најновиот предлог за договор за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Газа, кој изминатите неколку дена го одобрил Израел.
Тоа е договор „кој ги носи сите заложници дома, ја обезбедува безбедноста на Израел, создава подобар ден потоа во Газа без Хамас на власт и го отвора патот за политичко решение кое обезбедува подобра иднина за Израелците и Палестинците“, рече Бајден.
Тој наведе дека предлогот има три фази и оти „првата фаза ќе трае шест недели, вклучувајќи целосен прекин на огнот, повлекување на израелските сили од сите населени области во Газа, ослободување на одреден број заложници, вклучително и жени, стари, ранети и ослободување на стотици палестински затвореници“.
Прочитај повеќе
Хашкиот суд бара налог за апсење на Нетанјаху и лидерите на Хамас
Mеѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг бара налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и на лидерот на Хамас, Јахја Синвар.
20.05.2024
Водич за разбирање на суштината на конфликтот меѓу Израел и Хамас
Арапите и Евреите кои живееле во Светата земја биле под Отоманската империја до крајот на Првата светска војна.
21.10.2023
Тајната мрежа на тунели на Хамас проблем за израелската офанзива
Иако Хамас не може да се носи со технолошката софистицираност на израелската армија, милитантната група има многу необична предност...
16.10.2023
Што е Хамас - историја на милитантната група што го нападна Израел
Со еден потег, нападот на Хамас врз Израел ги преуреди регионалните приоритети во скора иднина.
10.10.2023
Жестокиот напад врз Израел го става Иран во центарот на вниманието
Најновиот напад врз Израел од страна на палестинската милитантна група Хамас го обнови фокусот на светот кон војната во сенка.
09.10.2023
Бајден додаде дека американските заложници ќе бидат меѓу ослободените во првата фаза и оти посмртните останки на некои од убиените ќе бидат вратени на нивните семејства.
„Палестинските цивили ќе се вратат во своите домови и населби во сите делови на Газа, вклучително и на север“, рече Бајден и најави дека секој ден ќе се доставуваат 600 камиони хуманитарна помош.
За време на првата фаза, Израел и Хамас „ќе преговараат за неопходните аранжмани за да стигнат до втората фаза, која е траен прекин на непријателствата“, објасни американскиот претседател, додавајќи дека преговорите ќе бидат тешки и дека постои можност продолжување на првата фаза на подолго од шест недели.
САД, Египет и Катар ќе работат на тоа да обезбедат разговорите да продолжат додека не се постигне договор.
Кога тоа ќе се случи, ќе почне втората фаза во која ќе бидат ослободени сите преостанати живи израелски заложници, вклучително и војници. Во таа фаза од Газа ќе се повлечат и израелските сили.
Бајден рече дека привремениот прекин на огнот ќе стане траен доколку Хамас ги исполни своите обврски.
„На крајот, во третата фаза ќе почне големиот план за обнова на Газа, а преостанатите посмртни останки на заложниците кои беа убиени ќе им бидат вратени на нивните семејства“, истакна Бајден.
Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека Израел ги овластил преговарачите да презентираат договор за прекин на огнот во Газа, откако Бајден откри детали од планот.
Во исто време, палестинската милитантна група Хамас соопшти дека позитивно гледа на содржината на израелскиот предлог претставен од Бајден.