Последниот притисок на партиите што имаат цел да ja задржат екстремно десничарскaта Национално обединување на Марин Ле Пен надвор од власт доби замав пред парламентарните избори в недела, бидејќи клучните политички фигури ги предупредија гласачите дека нивната одлука драматично ќе ја промени Франција.
Центристичката алијанса на претседателот Емануел Макрон и левичарската коалиција Нов народен фронт стратегиски повлекоа повеќе од 200 кандидати од вториот круг гласање за да избегнат поделба на опозицијата во корист на крајната десница. Анкетата на „Толуна Харис интерактив“, спроведена во вторникот и средата, покажа дека Национално обединување добива меѓу 190 и 220 места, што е многу помалку од потребните 289 за целосно мнозинство.
На само три дена до вториот и одлучувачки изборен круг, Ле Пен и нејзините сојузници се на пат да бидат најголемата група во Националното собрание по убедливата победа во првиот круг. Ако Ле Пен освои апсолутно мнозинство во Националното собрание од 577 места, нејзината партија лесно може да носи закони и да ја протурка својата агенда во владата.
Прочитај повеќе
Грешките на Макрон ќе ја прогонуваат Франција, но и Европа
Одлуката на Макрон да распише предвремени избори го направи претседател на ослабено политичко движење.
03.07.2024
Екстремната десница на Ле Пен победи во првиот круг на изборите
Францускиот политички свет сега започнува интензивен дводневен период на тргување.
01.07.2024
Оланд предлага сојуз против партијата на Ле Пен
Поранешниот француски претседател Франсоа Оланд навести дека е подготвен да формира нова коалиција.
27.06.2024
Макрон нема да поднесе оставка ако неговата партија загуби на изборите
Францускиот претседател нема да поднесе оставка доколку неговата партија доживее лош резултат на предвремените парламентарни избори.
12.06.2024
Зошто Макрон се одлучи за предвремени избори по триумфот на Ле Пен
По катастрофалниот пораз на изборите за ЕП, францускиот претседател Емануел Макрон распиша предвремени парламентарни избори.
10.06.2024
„Франција е на работ на карпата и не знаеме дали ќе скокнеме“, изјави францускиот социјалист Рафаел Глуксман за радиото „Франс интер“ во четвртокот. „Од 9 јуни се отвори бездна, крајно напната атмосфера во државата и свеста дека изборот што ќе го направиме ќе го исцрта лицето на државата“.
Индексот CAC 40 падна за 4,6 отсто откако Макрон ги шокира инвеститорите со распишување предвремени избори на 9 јуни, додека еврото ослабе во однос на доларот. Приносот на француските државни обврзници го достигна врвот од околу 85 базични поени повеќе од бундовите пред распишувањето на изборите и оттогаш се повлече на околу 65 базични поени.
Стратезите на „Морган Стенли“ рекоа дека француските обврзници се поттикнати од политичките маневри за блокирање на Националното обединување и дека инвеститорите во акции треба да го следат примерот и да ја зголемат изложеноста кон земјата.
Макрон го распушти Долниот дом пред речиси четири недели и распиша предвремени избори откако неговата група беше поразена на изборите за Европскиот парламент. Тоа ги поттикна левичарските партии, од социјалистите до крајната левица, да формираат коалиција за да ѝ се спротивстават на Ле Пен.
Ле Пен го осуди маневрирањето со цел нејзината крајно десничарска партија да се задржи надвор од власт.
„Мислам дека е многу одбивно што политичките партии ги сметаат (гласачите) за предмети што можат да се движат, на кои им се вели да кажат или да направат нешто, како да се деца“, рече Ле Пен во интервју за ТФ1 доцна во средата. „Но, мислам дека на Французите им е доста од тоа да не се третираат како одговорни возрасни луѓе, кои се совршено способни сами да знаат што е добро за земјата, а што не е“.