Германија денеска ги прошири граничните контроли на сите свои граници за да ја спречи илегалната миграција, што предизвика загриженост кај критичарите дека ги прекршува правилата на шенген-зоната за слободата на движење, пишува ДПА (DPA).
Полицијата почна да врши проверки на премините со Луксембург, Белгија, Холандија и Данска, покрај веќе постојните проверки на границите со Полска, Чешка, Австрија, Швајцарија и Франција.
Министерката за внатрешни работи Ненси Фезер, која ја донесе оваа одлука, ги уверува граѓаните дека оние што секојдневно ја минуваат границата поради работа не треба да очекуваат големи доцнења во сообраќајот.
Прочитај повеќе
Германија се соочува со две катастрофални недели на лоши вести
онкуренцијата, исто така, го јаде домашниот пазар на „Фолксваген“ во Европа
14.09.2024
Мигрантите ќе бидат во фокусот на изборната кампања во Германија
Германскиот канцелар Шолц започна предвремена изборна кампања против конкурентот Мерц
11.09.2024
Налет на десничарите на регионалните избори во Германија, нови грижи за Шолц
Владејачката коалиција на канцеларот Олаф Шолц беше казнета на двата регионални изборa во источна Германија во неделата.
02.09.2024
Минатата недела Фезер официјално ја информира Европската комисија за воведувањето нови контроли, нагласувајќи дека тие се неопходни поради големиот број мигранти што влегуваат во Германија. Контролите се планирани за шест месеци, со можност за продолжување.
Проверките на границата со Австрија се спроведуваат од 2015 година. Иако 29-те потписнички на Шенгенскиот договор, вклучувајќи ги и поголемиот дел од Европската Унија и Норвешка, Швајцарија, Исланд и Лихтенштајн, генерално дозволуваат слободно движење преку границите, но контролите на некои премини се воведени поради мигрантската криза и заканата од исламистички тероризам.
Овие гранични контроли им овозможуваат на властите веднаш да ги вратат мигрантите, што е поедноставен процес од депортација по влегувањето во земјата. Од октомври 2023 година Германија вратила околу 30.000 мигранти што немале законско право да влезат, според ДПА.
Прашањето за миграцијата повторно стана приоритет на политичката агенда откако Сириец, наводно, уби три лица во напад со нож во Солинген, западна Германија, минатиот месец.
Како што истакнува „Блумберг“ (Bloomberg), анкетите покажуваат дека фрустрацијата од владината политика за миграција и азил е клучна причина зошто партиите на екстремната десница и левичарите постигнаа добри резултати на двата регионални избора во источна Германија месецов.
Зголемувањето на популарноста на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) и новата екстремно левичарска партија Сојуз Сара Вагенкнехт, во изминатите неколку месеци ги принуди канцеларот Олаф Шолц и претставниците во неговата влада, како и членовите на главната опозициска конзервативна партија, да ја заострaт нивната реторика.
Во саботата Шолц ги оправда новите гранични контроли со сугерирање дека другите земји од ЕУ не ги исполнуваат своите обврски. Фезер исто така нагласи дека новите проверки се неопходни за да се заштити Германија од исламските терористи.
Полска беше една од членките на ЕУ што реагираа луто на одлуката за воведување дополнителни контроли, иако тие се воведени од октомври на заедничката граница на овие две земји. Полскиот премиер Доналд Туск минатата недела изјави дека дејствата на Германија претставуваат „де факто суспензија на Шенген“.
„Не можете да се согласите со такво екстремно однесување“, рече Туск на состанокот со амбасадорите во Варшава. „Ваквите постапки се неприфатливи од полска гледна точка“.
Шолц и Туск разговараа за граничното прашање во телефонски разговор во петокот. Во објавата на X, полскиот лидер напиша дека „нагласил дека единствениот начин да се запре илегалната миграција е ефективна контрола на надворешните граници на Европската Унија. Не внатрешно“.
„За жал, не можеме целосно да се потпреме на сите наши соседи да работат како што треба, тоа е дел од вистината“, рече Шолц на средба со граѓаните во Бранденбург, пренесуваат локалните медиуми.