Две лажни видеа кои прикажуваат изборна измама и политичка корупција се произведени од проруски групи, соопштија американските власти.
Се појави видео на кое се гледа како поединци кои тврдат дека се од Хаити илегално гласаат за потпретседателката Камала Харис во повеќе окрузи во Џорџија, слика која стана вирална на платформата. Видеото е пример за насочена дезинформација, се вели во соопштението на Канцеларијата на директорот на Националната разузнавачка служба на САД, ФБИ и Агенцијата за сајбер безбедност и инфраструктурна безбедност.
Државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер, побара од X да го отстрани видеото, сугерирајќи дека тоа е дело на руска група. Оригиналната објава се чини дека е избришана, иако други профили со многу следбеници претходно го споделија клипот.
Прочитај повеќе
Колку пари потрошија Камала Харис и Доналд Трамп?
Досега се потрошени 14,7 милијарди долари
02.11.2024
Растот на биткоинот кон рекордна вредност падна заедно со шансите на Трамп
Дигиталната валута падна под 69.000 долари.
01.11.2024
Нова анкета: Трамп и Харис во „мртва трка“ на изборите во САД
Двајцата кандидати имаат изеднача поддршка од 49 проценти од лицата коишто веројатно ќе гласаат на изборите.
26.10.2024
Што ни кажува експлозивниот раст на акциите на „Трамп медија“ за резултатите од изборите?
До најважните избори годинава останува помалку од една недела.
30.10.2024
Според американските официјални претставници и безбедносните аналитичари кои ги следат дезинформациите на интернет, со месеци, про-Кремљ оперативците ги фокусираа своите напори на претседателските избори. Неодамнешното видео на Харис, генерирано од вештачка интелигенција, лажно покажува како демократската кандидатка дава бурни коментари за нејзиниот републикански противник, поранешниот претседател Доналд Трамп, откри корпорацијата „Мајкрософт“. Канцеларијата на директорот на националното разузнавање, исто така, во октомври соопшти дека руските пропагандисти направиле видеоснимки од кандидатот за потпретседател Тим Валц.
Се појави уште едно лажно видео на кое се гледа лице поврзано со демократскиот претседателски кандидат како прима мито. Тоа видео, исто така, е дело на кампања со руско влијание, изјавија американските власти во петокот.
Во соопштението, исто така, се предупредува дека разузнавачката заедница очекува да бидат објавени повеќе руски дезинформации пред и по денот на изборите.
Русија негираше дека стои зад видеата кои лажно прикажуваат изборна измама на изборите во САД.
„Забележавме изјава на американските разузнавачки служби во кои се обвинува нашата земја за ширење на фабрикувани видеа за изборни прекршувања во САД. Сметаме дека овие обвинувања се неосновани“, објави руската амбасада во САД во изјава за Телеграм.