text size
Хрватскиот Институт ИГХ го смени директорот на подружницата што во февруари годинава ја отвори во Велес, Македонија. На местото на Домагој Шимуновиќ е назначен Роберт Петросиан. Уписот веќе е регистриран во Централниот регистар. Оваа компанија стана позната во земјава откако Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) со неа склучи договор за надзор врз изградбата на државните автопатишта, па и го раскина летоска затоа што Хрватите не обезбедиле банкарска гаранција. Потоа во септември гоиднава за ИГХ, првиот вицепремиер Артан Груби тврдеше дека е фирма во руска сопственост и сите средства кои ги поседува се во руска банка. Тој во телевизиско гостување изјави дека информацијата ја дознале откако во јули бил склучен договорот за надзор и затоа алудираше во изјавата дека можеби е добро што договорот со ИГХ подоцна во август беше раскинат затоа што ако останало така ова можело да биде некое сценарио за „минирање“ на изградбата на Коридорот 8 и американската компанија Бехтел и Енка која е изведувач на градежните работи.