text size
Федералните резерви на САД (ФЕД) ќе продолжат со затегнувањето на монетарната политика до опсегот од 5 до 5,25 процентни поени, смета аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“. На вчерашниот состанок банкарите на ФЕД со едногласна одлука ја зголемија основната каматна стапка за 75 базични поени, а аналитичарите сметаат дека одлуката и особено комуникацијата за одлуката се знак за цврсто задржување на одговорноста на централната банка во борбата против инфлацијата.