text size
Највисоки камати за нови задолжувања меѓу земјите од регионот Адриа во моментов имаат Македонија со 6,7 проценти и Србија со 6,5 проценти, покажа анализата на „Блумберг Адриа“ на приносите за петгодишните државни обврзници. Остатокот од регионот е под помал притисок на страната на задолжувањето. Огромните инфлаторни притисоци и војната во Украина поттикнаа аверзија кон ризици, што предизвика раст на каматите за нови задолжувања насекаде во светот. Во услови кога парите условно кажано поскапуваат, кога има намалена економска активност и навестувања за рецесија, од огромно значење за земјите од регионот е пристапот до капитал односно начинот на кој би го финансирале буџетскиот дефицит. Правиме детална анализа за обврзниците во регионот.