text size
Ќе плаќа ли Македонија поскапо за новите задолжувања е прашање кое заслужува внимание со оглед на тоа што светот влезе во период во кој трошоците за задолжување на владите уриваат рекорди бидејќи инвеститорите бараат поголем надомест за да бидат мотивирани да држат долгови со подолг рок на достасување. „Блумберг Адрија“ веќе објави дека приносите на 30-годишните јапонски државни обврзници се блиску до историски највисокото ниво и изнесуваат 4,19 отсто, а децениски рекорди има и кај 30-годишните британски и американски обврзници. Индикаторот на „Блумберг“ што го следи државниот долг на земјите од Групата седум најразвиени економии (Г7) сега има просечен принос највисок од септември 2000 година.