text size
Каде да се најдат пари за покривање на старите долгови и финансирање на буџетскиот дефицит на државата е прашање што заслужува сериозно внимание ако се земе предвид дека Македонија за оваа намена ќе треба да се задолжи 120,6 милијарди денари (1,96 милијарда евра) следната година. Според проекциите во предлог-буџетот за 2026 година, кој е веќе влезен во собраниска процедура, предвиденото ниво на домашно задолжување изнесува 35,6 милијарди денари (578 милиони евра), а ќе се обезбеди преку задолжување со издавање државни хартии од вредност или домашен заем.