text size
Договорот влада со влада, постигнат меѓу премиерите на Северна Македонија и на Обединетото Кралство, Христијан Мицкоски и Кир Стармер, од економски аспект нуди многу решенија за стари проблеми. Од политички, отвора многу прашања, а главното е дали земјава, изморена од долгото чекање пред вратата на Европската Унија, скршнува од европскиот пат и бара алтернативи за да го забрза својот развој.