Македонската Влада ќе се задолжи 260 милиони евра од неколку големи меѓународни банки за да најде пари за покривање на буџетските потреби. Во постапката за задолжување главен посредник/аранжер е „Мерил Линч“, компанија за инвестициски менаџмент која работи под капата на „Банка на Америка“.
Во предлог-регулативата за реализација на овој заем се наведува дека со заклучок од 149-та седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 10.2.2026 година, Владата го задолжила Министерството за финансии во рок од 10 дена да ја отпочне постапката за избор на странски комерцијални банки и да ангажира правни советници со цел спроведување на постапката за задолжување на Република Северна Македонија со склучување на договор за заем со странски комерцијални банки во износ до 18,45 милијарди денари (300 милиони евра), кој ќе биде наменет за општи буџетски потреби, вклучително и за финансирање на капитални расходи и рефинансирање на обврски утврдени во Буџетот на Република Северна Македонија, по скратена постапка буџетска подршка.
Постапувајќи по горенаведениот заклучок, Министерството за финансии на 13.02.2026 година подготвило и доставило барање до 14 меѓународни банки со релевантно искуство во суверени трансакции и синдицирани заеми. Во зададениот рок на 18 ти февруари, пристигнале вкупно 8 понуди од инвестициски банки.
Прочитај повеќе
Македонскиот јавен долг под зголемен притисок: воен шок и спирала на рефинансирање
Јавниот долг на Македонија повторно е во фокусот на економската и политичката дебата, во време кога државата се соочува со комбинација од силни буџетски притисоци.
14.05.2026
Може ли преку кинески обврзници да се финансира македонскиот јавен долг?
За земјите од регионот Адрија, главниот мотив за издавање обврзници „панда“ и „дим сум“ би бил диверзификација на инвеститорската база.
23.04.2026
Македонија повторно ќе бара пари на заем на меѓународниот пазар
Целта е навремено обезбедување средства за финансирање на проектираниот буџетски дефицит и отплата на достасани обврски во 2026 година.
17.02.2026
Владата разгледува ново задолжување до 300 милиони евра на меѓународниот пазар
Ваквата можност се разгледува неполн месец откако Македонија се задолжи милијарда евра преку издавање еврообрзница.
11.02.2026
Македонија јубилејни 30 години го одложува данокот на депозитите: До каде сме?
Различни состави на Владата ветуваа законски измени со кои ќе стапи на сила одредбата за даночење на каматите на депозитите, но потоа сите ретерираа и го одложуваа спроведувањето за други времиња.
06.02.2026
Македонија се задолжи милијарда евра преку нова еврообврзница
Каматните стапки за двете транши изнесуваат: 3,875 проценти за траншата со рок на достасување од 4 години и 4,750 проценти за траншата со рок на достасување од 8 години.
14.01.2026
„По спроведената детална еваулација во согласност со критериумите утврдени во доставените барањa за понуди се утврди дека понудата на ‚Мерил Линч Интернешнл‘ е најповолна. Понудените финансиски услови, пристапот кон реализација и целокупниот финасиски пакет беа оценети како најповолна комбинација во однос на цената, структурата и сигурноста на реализација за Република Северна Македонија“, се наведува во документот.
Во него, се додава дека „Мерил Линч Интернешнл“ доставила нацрт текст на договорот за заем на износ од 260 милион евра помеѓу Република Северна Македонија (застапувана од Министерот за финансии во име на Владата на Република Северна Македонијa ) во својство на заемопримач, „Мерил Линч Интернешнл“во својство на аранжер и финансиските институции „КфВ ИПЕКС-Банк ГмбХ“ (KfW IPEX-Bank GmbH), „Банко Билбао Визкаја Аргентариа, С.А.“ (Banco Bilbao Vizcaya Argentaria, S.A.), „Ерсте Гроуп Банк АГ“ (Erste Group Bank AG), „АКА Аусфухкредит-Гезелшафт мбХ“ (AKA Ausfuhrkredit-Gesellschaft mbH) и „Мерил Линч Интернешнл“ (Merrill Lynch International) во својство на првични заемодавачи и „Глобал Лоан Аџенси Сервисес Лимитед“ во својство на агент и преговорите по однос на истиот се завршени на 13.05.2026 година.
Предуслов за склучување на горенаведениот договор за заем, е усвојување на законот за задолжување од страна на Собранието на Република Северна Македонија и негово објавување во Службен весник на Република Северна Македонија.
„Целта на обезбедувањето на овој заем е повеќекратна и е насочена кон обезбедување стабилно финансирање на буџетот, одржување на фискална стабилност и подобрување на управувањето со јавниот долг. Основно начело врз основа на кое се заснова овој предлог на закон е обезбедување на средства за општи буџетски потреби, вклучително и за финансирање на капитални расходи и рефинансирање на обврски утврдени во Буџетот на Република Северна Македонија, под поволни услови, согласно одредбите од Договорот за заем и важечките закони“, пишува во документот.
Заемот ќе биде доделен на Република Северна Македонија под следните услови:
-
Заемот ќе се повлече во една транша, согласно со роковите и условите утврдени во Договорот за заем.
-
Рокот за отплата на заемот е 7 години, на 9 еднакви полугодишни рати, со вклучен грејс период од три години.
-
Каматната стапка е варијабилна и се состои од шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина која изнесува 2,10 проценти.
-
Република Северна Македонија ќе плати на заемодавачите еднократна провизија во износ од 1,4 проценти од износот на заемот.
-
Република Северна Македонија ќе плаќа на агентот на заемодавачите провизија во висина од 12.500 евра на годишно ниво.