text size
Во услови кога на пазарот на обврзници се уриваат рекорди во однос на приносите што ги бараат инвеститорите за да ги финансираат растечките долгови на државите, се повеќе земји од светот, но и од регионот се вртат кон Кина, која како што објави „Блумберг њуз“, дозволува бран евтини пари да тече преку нејзините граници, претворајќи ја земјата во редок извор на нискобуџетно финансирање за странски должници. Таканречените „панда“ и „дим сум“ обврзници стануваат популарен начин за задолжување на државите, но и на корпоративните субјекти, а главна причина за зголемениот интерес се трошоците за задолжување, кои се неколкукратно пониски отколку на останатите пазари. Со оглед на тоа што јавниот долг на Македонија континуирано расте и земјава е принудена да позајмува пари на странските пазари за да ги враќа достасаните заеми и да го финансира буџетскиот дефицит, анализиравме дали овој вид обврзници би можеле да бидат извор за „поевтини“ средства за финансирање на јавниот долг.