text size
Среде напнатите трговски преговори што се одвиваат деновиве на релацијата ЕУ-Кина се случува нешто што може да ја промени ценовната рамнотежа помеѓу двете страни - слабеење на еврото во однос на јуанот. Но девизниот курс е само еден дел од конкурентската битка: ефектот ќе зависи од тоа колку кинеските извозници ќе ги апсорбираат промените во своите маржи, како ќе реагираат европските производители и колкав дел од повисоките трошоци ќе стигне до крајните купувачи.