text size
Годинава се навршуваат 30 години откако во 1996 година прв пат во Македонија беше напишан Закон за персонален данок на доход кој предвидуваше да се оданочуваат каматите на орочените депозити во банките, но тоа никогаш не се спроведе. Во изминативе години различни состави на Владата ветуваа законски измени со кои ќе стапи на сила и одредбата за даночење на каматите на депозитите, но потоа сите ретерираа и го одложуваа спроведувањето за други времиња. Низ годините во регулативата се интервенираше повеќе пати, законот беше преименуван во Закон за данок на личен доход, а со последните измени од 2023 година стапи на сила и оданочувањето на капиталната добивка од хартиите од вредност и уделите од инвестициските фондови. Истовремено, оданочување на каматите од орочени депозити повторно се одложи за примена до денот на пристапувањето на Македонија во Европската Унија. Како ваквите политики влијаат врз банкарскиот сектор, врз пазарот на капитал и воопшто врз македонската економија?