text size
Иран ги засили нападите врз Саудиска Арабија и врз ОАР во последните денови, а главна цел е нафтената инфраструктура во двете земи. Од друга страна, претседателот на САД, Доналд Трамп вчера ги омаловажи земјите кои не возвратија на неговото барање да дадат воена поддршка за нормализирање на протокот на нафта низ Ормускиот Теснец. Во очигледна фрустрација тој најмногу забелешки имаше за молкот на земјите од НАТО. Во меѓувреме, цената на нафтата расте насекаде во светот, вклучително и во САД.