text size
Владата на една од последните седници одржана на 10 февруари годинава го задолжила Министерството за финансии да отпочне со постапка за разгледување на можностите за потенцијално задолжување на меѓународниот пазар на капитал за навремено обезбедување средства за финансирање на проектираниот буџетски дефицит и отплата на достасани обврски во 2026 година, потврдија од Министерството за „Блумберг Адрија“. Како што веќе објавивме станува збор за износ до 300 милиони евра.