text size
„Енвидија“ (Nvidia Corp.) го презеде „Кумо АИ“ (Kumo AI), четиригодишен стартап што развива основни модели за прецизни деловни предвидувања. Меѓу тројцата соосновачи на компанијата е и Вања Јосифовски од Скопје, кој воедно е и извршен директор на стартапот, како и Јуре Лесковец, словенечки информатичар и професор на Универзитетот Стенфорд, кој во „Кумо АИ“ ја извршувал функцијата главен научник.