Учесниците на крипто-пазарот се израдуваа на повторниот избор на Доналд Трамп поради неговите ветувања за поддршка на криптовалутите. Од друга страна, постои неизвесност зошто се уште не е јасно каква ќе биде стратегијата на новата администрација на САД за развој на крипто-пазарот.
Ваквите случувања донесоа раст на одредени криптовалути, но истовремено и раст на цената на златото на кое се гледа како безбедно прибежиште поради неизвесноста за криптовалутите и уште повеќе поради очекувањата за разгорување на трговската војна во светот. Поради тоа анализираме дали во моментов е подобро да се инвестира во криптовалути или во злато.
Истовремено, следиме како ќе се движат акциите на „седумте величествени“ компании од технолошкиот сектор по најавите дека ќе се вложат огромни суми пари за развој на инфраструктура за вештачката интелигенција.
Прашуваме дали Македонија и регионот може посредно да бидат погодени од царините што САД би ги вовела за ЕУ. Исто така, анализираме колку е реално воведување ЕТФ-ови во Македонија и што би значело тоа за македонскиот пазар на капитал.
Ги претставуваме најдобрите мрежи за наоѓање онлајн вработување и анализираме што содржи Националната стратегија за сајбер-безбедност 2025-2028.