Истражуваме какви се разликите во цените и давачките за купување нови и половни автомобили од различни класи во земјите од регионот Адрија. Откако стриминг платформата „Глеј“ објави дека подготвува инцијална јавна понуда на акции, а претходно тоа го стори и „Дајнерс“ анализираме дали 2025 година конечно ќе донесе нови компании на Македонската берза и какви се придобивките што ги носи берзанската котација.
Прашуваме дали може државата со изградба на повеќе станбени објекти преку АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор да им конкурира на градежниците и да влијае врз континуираниот пораст на цените на станбениот квадрат.
Во Македонија почнаа да се снимаат песни за загадувањето на воздухот кое има негативно влијание врз здравјето на населението од епидемиски размери. Анализираме кои се можните решенија за овој проблем и до каде се најавените проекти кои би требало да го намалат загадувањето.
Прашуваме колку државна помош досега им дала државата на странски инвеститори во технолошките зони и колку дроговори се раскинати поради неисполнување на обврските за инвестирање.
Следиме какви финансиски резултати остварија компаниите од Македонската берза во текот на минатата година и кои дејности работат со најголема добивка. Анализираме кои се најбараните професии во Македонија и на глобално ниво на почетокот на 2025 година и како се снаоѓаат жените-претприемачи во Македонија.
Со оглед на тоа што лани во ЕУ се зголемил бројот на лица кои користеле интернет за онлајн учење, истражуваме какви се трендовите во Македонија и за што најмногу користат интернет Македонците.