text size
Потезите на американскиот претседател Доналд Трамп ја обележија неделата што изминува. Во текот на викендот тој објави дека САД воведуваат царини кон Канада и Мексико од 25 отсто и 10 отсто кон Кина. Тој најави дека „апсолутно“ ќе бидат воведени царини и кон Европската Унија затоа што блокот не применува фер трговски практики кон САД.