text size
Сите вежбаат, јадат здраво, сакаат да се витки. Гладот станува нова економија, а компаниите од прехранбениот сектор ги прифаќаат трендовите, иако не отстапуваат од тоа дека храната не е само за да нѐ држи сити туку и за да уживаме во неа.
Се менува и малопродажбата, а трката по протеини ќе влијае и на млекарниците. Фармацевтските компании секако профитираат, единствено спорно е што ќе се случи со винарниците во услови кога младите пијат протеински шејкови наместо убаво вино.
Анализиравме како македонските компании да го претворат локалниот потенцијал во глобален успех и како да ја забрзаат дигитализацијата. Прашавме кому му припаѓа станот кога нема наследници и како државата го претвора наследениот имот во пари, но и што ќе им донесе новата европска политика кон Кина на македонските увозници на кинески возила.
Во исто време светот полудува по обврзниците „панда“, па легитимно е прашањето дали Македонија да најде „поевтини“ пари во Кина. Објаснивме и што е тоа печатење пари и дали тоа може да ги реши рекордните долгови на државите.
Прочитај повеќе:
Хотелски комплекс „Метропол“: Постои ли потенцијал што пазарот не го препознава?
Дали повисокиот Еурибор ќе ги зголеми кредитните рати во Македонија и регионот?
„Антропик“, компанијата во која секој од основачите вреди над 13 милијарди долари, поднесе барање за ИПО неделава, а овде има сè што треба да знаете за процесот на кој се гледа како на пресвртница за Волстрит и бумот на вештачката интелигенција. Инвеститорите и натаму се распнати меѓу вештачката интелигенција, обврзниците и војната, а технолошките гиганти вложуваат милијарди во ВИ, но основниот бизнис им слабее.
Од финансиските извештаи издвојуваме: „Алфабет“ разочара со резултатите, акциите паднаа, а четботовите му зададоа силен удар на „Гугл“, кој изгуби 500 милијарди долари. Слабите приходи на компанијата пак го отворија прашањето дали вложувањата во ВИ се оправдани. Паднаа и акциите на „Амазон“ поради зголемувањето на трошоците и забавувањето на онлајн бизнисот. „Оракл“ падна над 50 отсто за една година.
Побарувачката за акциите на „Мета“, вредни 25 милијарди долари, е пет пати поголема од понудата, а „Мајкрософт“ покажа силни резултати и покрај скапата ВИ. Компанијата објави дека ќе понуди испратнини за доброволно заминување на 60.000 работници, а Холандија со помош на ВИ ќе создаде ефикасна јавна администрација со 25.000 административци помалку.
Неделава се случи и обид за кражба на вртоглави 6,3 милијарди долари од криптоберзата „Бајненс“.
Централните банки не ги менуваа каматните стапки, но извесно е дека ЕЦБ во февруари ќе остане без Лагард. Кој ќе ја замени?
Идната недела се очекува првиот посериозен студен бран во Европа и Азија, што ќе биде тест за пазарите на гас, чија цена деновиве стигна и до 100 евра, за првпат по енергетската криза од 2022 година.
Неделата ја обележија изборите во Израел и Србија. Во Израел неизвесноста продолжува, а во Србија убедливо победи Студентската листа. Што ја очекува сега?
Избори следуваат и во Шпанија, каде што владата претрпе сериозен удар по втората железничка катастрофа, во која загинаа околу 70 луѓе.
Удар претрпе и Килијан Мбапе. Не само што повторно не ја освои Златната топка туку истата вечер успеа да го навлече врз себе и гневот на Кина.