text size
Европската централна банка (ЕЦБ) ги задржа каматните стапки непроменети, додека веста дека претседателката Кристин Лагард ќе се повлече порано ги засили грижите за трошоците за енергија и за Франција.
Каматната стапка на депозитите остана на 2,5 отсто, како што предвидуваа речиси сите економисти анкетирани од „Блумберг“. Одлуката беше објавена само неколку часа откако Лагард соопшти дека ќе замине во февруари, неколку месеци пред истекот на нејзиниот мандат, за да има поголема слобода јавно да зборува за прашања, меѓу кои и превирањата во нејзината татковина.
„Зголемениот обем и времетраење на енергетскиот шок, како и последиците врз индиректните и секундарните ефекти, веројатно ќе ја зголемат инфлацијата и ќе го забават растот“, соопшти ЕЦБ, повторно одбивајќи однапред да се обврзе на идни чекори. „Условите за финансирање се заострија од последниот состанок на Управниот совет, што веројатно ќе влијае врз инфлацијата и растот“.
Прочитај повеќе
ЕЦБ ќе ги задржи каматните стапки непроменети
Европската централна банка (ЕЦБ) се очекува да ги задржи трошоците за задолжување непроменети додека ја проценува нестабилноста на пазарот на обврзници во Франција и новиот раст на цените на енергентите.
29.10.2026
Доленц: Пазарите може да ја намалат потребата ЕЦБ да ги крева каматите
Инфлацијата што се приближува до четири отсто и поотпорната економија ја поттикнуваат дебатата за дополнително зголемување на каматите во еврозоната, но затегнувањето на финансиските пазари може да ја намали потребата од потези на ЕЦБ.
15.10.2026
Французите со најмала доверба во економијата во последните 13 години
Довербата на потрошувачите падна на најниско ниво во последните 13 години, додека инфлацијата, политичката неизвесност и уличните немири ги зголемуваат стравувањата за економијата.
27.10.2026
Заминувањето на Лагард ги засенува денешните случувања, отворајќи трка меѓу поранешните гувернери на централните банки на Шпанија и Холандија за нејзин наследник, кој ќе ја надгледува монетарната политика во еврозоната.
Кога станува збор за трошоците за задолжување, ЕЦБ засега чека, откако двапати ги зголеми каматните стапки по војната со Иран, која ги потресе енергетските пазари. Иако претставниците се загрижени дека инфлацијата се движи кон двојно повисоко ниво од целта од 2 отсто, тие не забележуваат знаци дека поскапувањето на нафтата и гасот се прелева и во други сектори. Сепак, изненадувачки отпорниот економски раст во Европа почнува да слабее.
Пазарите очекуваат ЕЦБ да ја заостри политиката многу повеќе отколку што предвидуваат економистите
Bloomberg
„Иако целосните ефекти од енергетскиот шок сè уште се развиваат, базичната инфлација досега остана главно стабилна, а платите во оваа фаза не покажуваат значајна реакција“, соопшти ЕЦБ.
Лагард ќе одржи прес-конференција во 14:45 часот во Франкфурт. Освен за нејзината иднина, таа ќе одговара на прашања за движењето на каматните стапки, растот на приносите на глобалните обврзници и влијанието на пазарните, буџетските и политичките тензии што ја зафаќаат Франција.
Трговците малку ги намалија очекувањата за натамошно зголемување на каматните стапки на ЕЦБ, предвидувајќи заострување на монетарната политика за 70 базични поени до крајот на 2027 година, во споредба со 72 базични поени претходно. Еврото ги продолжи загубите, паѓајќи на ново најниско ниво во последните 17 месеци од 1,1111 долари.
ЕЦБ им се придружи на Федералните резерви (Фед) во задржувањето на каматните стапки непроменети оваа недела, а се очекува и Банката на Јапонија да го стори истото тоа в петок.
Нашироко се очекува креаторите на монетарната политика во Франкфурт повторно да ги зголемат каматните стапки во декември, кога ажурираните економски проекции ќе покажат колку е силен инфлаторниот притисок. Заострените услови за финансирање, дополнително влошени од состојбата во Франција, ја намалуваат побарувачката.
Аналитичарите сметаат дека зголемувањето на каматните стапки на крајот на годината ќе биде последното во овој циклус на ЕЦБ. Сепак, инвеститорите очекуваат дополнителни зголемувања, фокусирајќи се на новиот раст на цените на нафтата, кои скокнаа за повеќе од 6 отсто откако ЕЦБ последен пат ги утврди каматните стапки. Во меѓувреме цената на природниот гас го достигна највисокото ниво во речиси четири години.
Новиот раст на цените на енергентите придонесе потрошувачките цени да се зголемат за 3,8 отсто во септември, додека показателите за инфлациските очекувања исто така бележат постепен раст. Економијата можеби почнува да го чувствува притисокот: деловната активност и расположението се влошуваат.
Според анкета на „Блумберг“ меѓу аналитичарите, економскиот раст во третото тримесечје веројатно забавил на 0,2 отсто, пред „Евростат“ да ги објави податоците в петок. Зголемувањето на каматните стапки придонесе за пад на побарувачката за кредити во тој период, додека банките, загрижени поради зголемените ризици, продолжија да ги заоструваат кредитните стандарди.