text size
Инвеститорите деновиве се соочуваат со повеќе ризици истовремено – од високите трошоци за вештачка интелигенција и растечките приноси на американските државни обврзници до неизвесноста пред изборите во САД и можната ескалација на војната со Иран. Во такви услови, клучното прашање не е само каде може да се оствари најголем принос, туку и како да се заштити капиталот ако очекувањата на пазарот повторно се променат.