text size
Македонските компании имаат потенцијал за поголемо присуство на меѓународните пазари, но за да го претворат во извозен раст, потребни им се подобра транспортна инфраструктура односно поефикасна логистика, исполнување на строгите стандарди на странските купувачи и инвестиции во иновации и дигитализација. Овие прашања беа во фокусот на првото издание на „Форумот за глобална трговија и раст 2026“ (Global Trade & Growth Forum 2026), што се одржа во Скопје со учество на повеќе од 200 домашни и странски деловни лидери, инвеститори и високи државни и дипломатски претставници.
Фото: Швајцарска Комора на Северна Македонија
Под мотото „Локална сила. Глобално влијание.“, на форумот беше истакната потребата домашниот потенцијал да се претвори во конкретни деловни можности на странските пазари.
Генералната директорка на „МСЦ Северна Македонија“ (MSC North Macedonia) и потпретседателка на Швајцарско-македонската стопанска комора(SwissCham North Macedonia), Сања Радовановиќ, порача дека македонските компании треба да имаат поголема храброст за настап на меѓународните пазари.
Сања Радовановиќ/Фото: Швајцарска Комора на Северна Македонија
„Ова мото ја отсликува и нашата амбиција, потенцијалот што го имаме дома да го претвориме во успех на глобално ниво. Македонија е мала земја, но со значаен потенцијал. Имаме квалитетна понуда, претприемачки дух и стратешка положба на важни европски транспортни коридори. Длабоко верувам дека нашиот најголем потенцијал се луѓето, нивните идеи и храброста да создаваат вредност надвор од нашите граници. Да не чекаме светот да ги открие нашите можности, туку да бидеме тие што ќе му ги покажат“, истакна Радовановиќ.
Северна Македонија може да научи од швајцарските искуства
Претседателката на Швајцарско-македонската стопанска комора, Соња Стефановска, оцени дека поврзувањето на македонскиот бизнис-сектор со швајцарските искуства може да придонесе за развој на поотпорна и поконкурентна економија.
Соња Стефановска/ Фото: Швајцарска Комора на Северна Македонија
„Северна Македонија има талентирани луѓе, амбициозни компании и значителен потенцијал. Швајцарија претставува инспиративен пример за тоа како една релативно мала земја може да изгради глобална конкурентност преку иновации, сигурност, силни институции и посветеност на квалитетот. Искрено се надевам дека овие дискусии ќе инспирираат нови идеи, посилни партнерства и конкретни чекори кон поповрзана и поконкурентна економија“, изјави Стефановска.
Економската соработка меѓу двете земји беше нагласена и од швајцарскиот амбасадор во Северна Македонија, Кристоф Зомер, кој посочи дека меѓународната трговија има особено значење за малите и средните економии.
Кристоф Зомер/Фото: Швајцарска Комора на Северна Македонија
„За земји како нашите, трговијата не е едноставно само еден сектор меѓу многуте, таа е суштински двигател на растот. Во денешниот свет, конкурентноста сè повеќе зависи од конекциите. Швајцарија останува посветена на продлабочување на економското партнерство со Северна Македонија. Со додадената вредност што можеме да ја понудиме, ќе продолжиме да поддржуваме иницијативи кои ја зајакнуваат конкурентноста, поттикнуваат иновации и ги прошируваат пазарните можности“, порача Зомер.
Транспортот како услов за извозен раст
Една од главните теми на форумот беше значењето на транспортната инфраструктура и логистиката за компаниите што зависат од навремена испорака и пристап до странските пазари. Конкурентноста на извозниците не зависи само од цената и квалитетот на производите, туку и од можноста тие да стигнат до купувачите со предвидливи трошоци и во договорените рокови.
На поврзаноста на Северна Македонија со глобалните пазари се осврна Фабрицио Фаринели, директор за регионални агенции на „МСЦ Женева“, кој претстави како оваа семејна компанија, која го почнала бизнисот со само еден употребуван брод, станала број еден во светот на полето на транспортот и логистиката. Тој ја посочи улогата на меѓународните транспортни мрежи во поврзувањето на македонската економија со светот.
Фабрицио Фаринели/Фото: Швајцарска Комора на Северна Македонија
Во разговорот „Инфраструктура за раст“ учествуваше вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој се осврна на конкурентноста на македонските превозници и административните пречки со кои се соочуваат во меѓународното работење. Николоски ја поздрави одлуката на Швајцарија прва да почне да издава работни визи за возачите.
Александар Николоски/ Фото: Швајцарска Комора на Северна Македонија
„Швајцарија тука беше прва, за што се заблагодарувам. Почна да издава вакви работни визи за возачите и се надевам дека тоа ќе биде пример што ќе го следат и другите земји членки на шенген зоната“, истакна Николоски.
Олеснувањето на прекуграничниот транспорт е важно за компаниите што се потпираат на навремено движење на стоките, особено кога работат со странски партнери и се вклучени во меѓународни синџири на снабдување. Недостигот од возачи и административните ограничувања можат да влијаат врз роковите за испорака и врз вкупните трошоци на извозниците.
Прашањето за транспортот и логистиката беше тема и на панелот „Стратешки трговски коридори и иднината на логистиката“ (Strategic Trade Corridors and the Future of Logistics), на кој учествуваа Стевица Чарапиќ, регионален директор на МСЦ за Србија, Црна Гора и Северна Македонија, Марија Дуковска Павловска, генерална директорка и извршна членка на Одборот на директори на „Макстил“, Билјана Дескоска, директорка за Северна Македонија на „Алијанс Уан Македонија“ (Alliance One Macedonia), и Мишо Веселински, претседател на Одборот на директори на „Фимар Балкан“ (Fimar Balkan AD).
Фото: Швајцарска Комора на Северна Македонија
Учесниците разменија мислења за важноста на брзината на транспортот и за можностите македонските производи да се позиционираат на светските пазари.
Стандардите и квалитетот како предуслов за европскиот пазар
Пристапот до странските пазари не зависи само од транспортната поврзаност. За извозниците, особено во прехранбената индустрија, важен услов е исполнувањето на строгите барања за квалитет, безбедност и следливост на производите.
Швајцарскиот експерт Јонас Шпан, генерален директор на „Глобал Фуд Аферс“ (Global Food Affairs), ги претстави условите што локалните производители треба да ги исполнат за да ги пласираат своите производи на европскиот пазар, користејќи конкретни примери од практиката.
Јохан Шпан/Фото: Швајцарска Комора на Северна Македонија
За компаниите што сакаат да го прошират извозот, усогласувањето со овие барања е дел од градењето доверба кај странските купувачи и воспоставувањето долгорочни деловни односи. Одржувањето постојан квалитет и исполнувањето на договорените стандарди се важни за задржување на постојните клиенти и за освојување нови пазари.
Од локален бизнис до меѓународен играч
Можностите за проширување на извозот, но и за економскиот раст воопшто беа во фокусот и на панелот „Извозна конкурентност: Од локално кон глобално“ (Export Competitiveness: From Local to Global), модериран од Горан Дамовски, тим-лидер на Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост - ИМЕ (Increasing Market Employability – IME).
Кристоф Гатер, британски претприемач и соосновач на „Куендо“ (Quendoo), Неџат Курт, генерален директор на „ТАВ Македонија“ (TAV Macedonia), и Љупчо Велески, директор за меѓународна продажба на „Витаминка“ (Vitaminka), ги споделија своите искуства за предизвиците и чекорите потребни за домашните компании да прераснат во посилни меѓународни играчи.
Фото: Швајцарска Комора на Северна Македонија
Настапот на странските пазари бара повеќе од конкурентен производ. Компаниите треба да развиваат деловни партнерства, да ги приспособуваат понудите на потребите на купувачите и да градат препознатливост во средина во која се натпреваруваат со веќе етаблирани производители и брендови. Во услови на промени на глобалните пазари, способноста за приспособување и развој на нови деловни модели станува важен дел од стратегијата за раст.
Дигитализацијата како дел од конкурентноста
Форумот опфати и прашања поврзани со дигиталната трансформација и развојот на брендовите. Ларс Силбербауер, експерт за дигитална трансформација со професионално искуство во компании и организации како „ЛЕГО“ (LEGO), „Олимписките игри“ (Olympics) и „Парамаунт“ (Paramount), одржа презентација за начините на кои брендовите можат да ја зајакнат својата конкурентност во дигиталната средина.
Фото: Швајцарска Комора на Северна Македонија
За македонските компании, дигитализацијата може да биде важна алатка за подобро претставување на производите, пристап до нови купувачи и развој на меѓународни деловни контакти. Сепак, нејзиниот ефект зависи од тоа дали технолошките решенија се поврзани со јасна извозна стратегија и со разбирање на потребите на целните пазари.
Фото: Швајцарска програма за зголемување на пазарната вработливост-ИМЕ
Погледнете ја галеријата

Првото издание на „Форумот за глобална трговија и раст 2026“ беше организиран од Швајцарско-македонската стопанска комора во стратешко партнерство со глобалниот логистички лидер МСЦ. Форумот беше реализиран со поддршка на Швајцарија, преку Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Државниот секретаријат за економски прашања (SECO), како и Програмата за зголемување на пазарната вработливост-IME, Програмата за промоција на извозот SIPPO и Програмата за претприемништво SwissEP.
Форумот отвори платформа за поврзување на домашните компании со меѓународни партнери и за размена на искуства за извозот, логистиката и иновациите. За македонската економија, предизвикот останува овие контакти и идеи да се претворат во конкретни деловни партнерства, нови пазари и поголема конкурентност на глобално ниво.