Владата најави кампања за поттикнување на купувањето домашни земјоделски производи, па затоа ќе анализираме колку храна се произведува во земјава, колку од суровините се од македонските ниви и колку се конкурентни цените на домашните производи.
Следната недела ќе ја анализираме најавата на гувернерот за намалување или укинување на банкарските провизии. Ќе пишуваме за употребата на вештачката интелигенција во медицината.
Ќе анализираме како оди продажбата на автомобили, а ќе направиме и преглед за најдобрите електрични автомобили.
Каде да се инвестира, во САД или во Европа е едно од прашањата на кое ќе се обидеме да најдеме одговор, а ќе се провериме и колкави се шансите земјава поевтино да се задолжува.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...