Првата историска средба на еврозоната со двоцифрена инфлација е ревидирана надолу во поцелосен примерок на податоци за септември, иако тие сè уште покажуваат силни ценовни притисоци кои тежат врз регионот.
Годишната стапка на раст на инфлацијата, која останува рекордна во историјата на единствената валута, сега е 9,9 отсто наместо 10 отсто, се наведува во соопштението на „Евростат“ објавено денеска.
Прочитајте повеќе: Податоците за двоцифрена инфлација дополнителен притисок врз ЕЦБ
Новите податоци вклучуваат малку пониски бројки на инфлација во земјите кои се соочуваат со некои од најбрзите поскапувања во Европа, вклучувајќи ги Естонија и Летонија.
Мерилото за месечни зголемувања на цените во еврозоната не беше ревидирано, ниту базичната инфлација, која ги исклучува варијабилните елементи како што е храната.
Сепак, бегството од двоцифрените бројки може да биде краткотрајно бидејќи енергетската криза во регионот продолжува да наметнува огромни трошоци за граѓаните. Како што беше посочено, маргиналната надолна ревизија веројатно нема да ги одврати претставниците на Европската централна банка (ЕЦБ) од намерата следната недела да ги зголемат каматните стапки за дури 75 базични поени.