text size
Прелиминарните прогнози за движењето на стапката на инфлација, кои ги објави Еуростат, покажуваат дека во октомври во еврозоната годишната стапка на инфлација достигна 10,7 отсто. Тоа претставува дополнителен раст во однос на септемвриските податоци, кога инфлацијата изнесуваше рекордни 9,9 отсто. На растот на цените во 19-те држави од еврозоната најмногу влијаат цените на енергентите, кои пораснаа за речиси 42 проценти во последните 12 месеци, покажуваат податоците на Еуростат.