text size
Европската централна банка (ЕЦБ) ќе ги зголеми трошоците за задолжување до максимум четири отсто до септември, покажува истражувањето на економистите кои очекуваат каматните стапките да растат бидејќи инфлацијата е „поупорна“ од очекувањата. Ваквиот исход би значел уште две зголемувања за 50 базични поени или 0,5 отсто. Очекувањата се дека првото зголемување на каматните стапки ќе биде на 27 јули за кога и е закажан состанок на Европската централна банка. Аналитичарите анкетирани од Блумберг претходно предвидуваа дека каматната стапка ќе достигне врв од 3,75 отсто.