Германскиот канцелар Олаф Шолц го отфрли предлогот Германија да ја задржи отворена опцијата за користење нуклеарни централи, нагласувајќи тоа е „исцрпена тема и завршена приказна“.
„Со нуклеарната енергија е завршено. Прашањето за нуклеарната енергија во Германија е исцрпена тема. На секој што сака да изгради нови нуклеарни централи ќе му требаат 15 години и ќе мора да потроши 15-20 милијарди евра“, рече Шолц.
Германскиот канцелар кажа дека со прекинот на користењето на нуклеарната енергија започна и демонтажа на централите, и затоа секоја дискусија за нејзино повторно користење би подразбирало изградба на нови електрани.
Прочитај повеќе
Јапонија ќе ја испушти пречистената вода од Фукушима во океанот
Еден милион метри прочистена радиоактивна вода од уништената нуклеарна централа Фукушима ќе се испушти во Тихиот Океан
04.07.2023
Германија за неколку години може од извозник да стане нето-увозник на струја
Причина е исфрлањето на нуклеарните и централите на јаглен од системот за производство на струја.
01.02.2023
Дебатата за нуклеарната енергија во Германија се актуелизира откако Шолц во средата вети дека ќе се обиде да стави крај на честите јавни судири што ја оптоваруваат идеолошки шарената владејачка коалиција на неговите социјалдемократи, зелените и слободните демократи.
Германија ги затвори своите последни три нуклеарни реактори во април, завршувајќи го процесот што доби широка политичка поддршка по катастрофата на јапонскиот нуклеарен реактор Фукушима во 2011 година.
Членовите на Слободните демократи, кои се дел од владејачката коалиција на Шолц, се меѓу оние кои се залагаа за преиспитување на таквата одлука откако цените на енергијата пораснаа поради војната во Украина. Оваа недела, парламентарната група на Слободните демократи објави соопштение во кое се вели дека сака „да се запре демонтирањето на нуклеарните централи кои сè уште се употребливи“, како дел од напорите земјата да се подготви за најлошите сценарија.