Турција планира умерени зголемувања на даноците на клучни добра и услуги, вклучувајќи го и моторното гориво, во 2026 година, како најнова мерка на владата за поддршка на напорите на централната банка да ја стави инфлацијата под контрола.
Според лица упатени во прашањето, кои побарале анонимност бидејќи преговорите за промените сè уште се неформални, властите очекуваат зголемувањето на давачките на горивата и на регулираните цени да биде усогласено со инфлациската цел на централната банка за следната година.
Министерството за финансии и трезор на Турција засега не одговори на барањето за коментар.
Прочитај повеќе
Турската лира падна на рекордно ниско ниво
Лирата утрово се лизна за 0,2 проценти, на 41,95 лири за долар. Валутата, која годинава падна за 16 отсто, се движи кон 15-та недела на загуби.
17.10.2025
Над 55.000 туристи од Турција ја посетиле Македонија во јули
На листата најмногубројни туристи во овој месец потоа следуваат Србија, Полска, Холандија и Романија.
11.09.2025
Ердоган ја држи опозицијата за врат, а економијата го држи него. Кој ќе победи?
Турција потресена од студентски протести по апсењето на лидерот на опозицијата
24.03.2025
Турската „Контек“ купува соларна електрана во Македонија
Турската компанија сака да стекне 85 проценти од сопственоста во македонската компанија „Аси трејд-М“, која развива соларна електрана во Македонија.
15.03.2025
Турција бара исклучок од санкциите на САД за да продолжи да увезува руски гас
Русија е најголемиот снабдувач на гас на Турција, обезбедувајќи околу 42 отсто од ланскиот увоз.
26.11.2024
Полугодишните даночни мерки, кои обично се објавуваат во првата недела од годината, ќе покажат дека давачките на бензинот и дизелот ќе растат со поумерено темпо од она што формално произлегува од законите и регулативите, велат соговорниците. Со ова владата сигнализира поддршка за целта на централната банка инфлацијата да се намали од над 31 отсто на 16 отсто до крајот на 2026 година.
Трошоците за гориво внимателно се следат на пазарите, бидејќи имаат широк ефект врз потрошувачката инфлација.
Специјалните акцизи на бензинот и дизелот обично се зголемуваат двапати годишно, при што стапката на покачување ја следи кумулативната инфлација на производствените цени во претходниот шестмесечен период.
Зголемувањето на почетокот на 2025 година исто така беше малку пониско од она што го предвидува формулата, бидејќи властите се обидуваа да ги ублажат инфлаторните притисоци.
Годинешните мерки ќе ги опфатат и т.н. „администрирани цени“, сите добра и услуги чија цена директно ја одредуваат или на која влијаат владата и регулаторите. Во таа категорија спаѓаат тутунот, алкохолните пијалаци и енергијата.
Министерот за финансии и трезор Мехмет Шимшек минатиот месец изјави дека зголемувањето на дел од даноците и давачките ќе се заснова на целната, односно пониска инфлација, а не на сегашната стапка од 25,5 отсто што ја одразува растечката цена кај производителите.
Инфлацијата кај потрошувачките цени веројатно ќе ја заврши годината со околу 30 отсто, што е шест процентни поени над целта на централната банка. Аналитичарите очекуваат таа да се намали на нешто над 25 отсто во следните 12 месеци, покажуваат податоците на „Блумберг“.