Просечната плата исплатена во февруари изнесуваше 46.159 денари, соопшти Државиот завод за статистика. Во однос на јануари таа е пониска за близу 500 денари, а во однос на декември намалена за над 700 денари. Сепак, на годишно ниво, просечната нето плата во земјава е 7.2 отсто или над 3000 денари.
Зголемувањето на просечната плата во февруари споредено со истиот месец лани се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: административни и помошни услужни дејности (12.3 отсто), рударство и вадење камен (10.6 отсто) и снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (9.4 отсто).
„Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: земјоделство, шумарство и рибарство (5.7 отсто), други услужни дејности (5.0 отсто) и уметност, забава и рекреација (4.6 отсто)“, стои во соопштението од ДЗС.
Прочитај повеќе
ССМ излегува на протест: Колку заостануваат македонските плати во однос на регионот
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) попладнево ги вади работниците на улица. Протестот закажан за денеска во 17 часот „е за твојата плата, затоа што истата таа не стигнува од први до први“, се наведува во отвореното писмо што претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, го испрати до работниците.
28.01.2026
Финансискиот стрес на работникот како тивок убиец на продуктивноста
Финансискиот стрес значително влијае на менталното и физичкото здравје на вработените, продуктивноста и целокупната атмосфера на работното место, што го прави критична грижа за организациите.
24.12.2025
Само 19 отсто од вработените добиле покачување на платата годинава
Инфлацијата и благото обезвреднување на парите се тоа што ја врати платата на тронот кога станува збор за критериумите при изборот на работодавец.
04.12.2025
Пониска плата за тие што работат оддома? Македонците и Европејците не прифаќаат
Некои од работниците би прифатиле пониска плата за да можат да работат оддома. Се поставуваат прашањата дали е во ред тоа и дали одењето во канцеларија ја гарантира посакуваната продуктивност.
21.10.2025