text size
Белградската компанија Comel (Цомел ДОО Белград) бара уште дополнителни 14 милиони денари или 16.520.000 денари со ДДВ (268.617 евра) за да го поправи енергетскиот трансформатор на РЕК Битола кој изгоре во пожар минатата грејна сезона односно лани во ноември. Кон договорот кој првично беше склучен во март годинава и тоа без објава на тендер, вчера е склучен анекс на договор со кој за да се изврши работата Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), подружница РЕК Битола треба да плати вкупно 2,2 милиони евра, иако првично договорот вредеше 1,98 милиони евра. Овој трансформатор е клучен за да се стави во функција третиот блок на РЕК Битола. Надлежните од државната енергетска компанија и првиот човек Васко Ковачевски во неколку наврати веќе, тврдат дека со почетокот на сезоната РЕК Битола ќе работи со полн капацитет односно со трите блока.