text size
Државата го презема управувањето со топлинска енергија преку државната компанија ЕСМ. На денешната седница на Економско-социјалниот совет, Владата донесе одлука да се започне постапка за издавање лиценца на ЕСМ за производство на топлинска енергија на регулираниот пазар. Со добивање на лиценцата ЕСМ ќе го преземе парното греење во град Скопје. Ќе ги преземе и топланите, а за тоа ќе се плаќа надомест за закуп на сопствениците. Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека на тој начин граѓаните ќе имаат парно греење на почетокот на грејната сезона, односно од 15 октомври.