text size
Општина Центар следната година планира да формира претпријатие за производство на електрична енергија за потребите на основните училишта и за други објекти во општината. Одлуката денеска ја презентира градоначалникот Горан Герасимовски, на вториот Социоеколошки форум (СЕФ), во организација на фондацијата „Фридрих Еберт“, меѓународниот центар „Олоф Палме“ и „Прогрес – институтот за социјална демократија“.