text size
„Во следниот период треба да продолжиме со инвестициите во фотоволтаици, но треба да се насочиме и кон инвестиции во батерии и да се работи на поедноставување на регулативата за поставување батерии“, посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), на 14-от бизнис-форум „Енергетската сегашност и иднина“, кој се одржа вечерва во организација на ротари-клубот „Скопје-Центар“.