text size
Неколку македонски банки можат слободно да им конкурираат на агенциите за недвижности, со оглед на тоа што се долги листите во нивното портфолио на недвижности наменети за продажба, а кои се запленети по основа на неплатени кредити. Меѓу недвижностите што ги продаваат банките има станови, куќи, ниви, но и огромни производствени погони, деловен простор и хотели што им припаѓале на компании што некогаш важеле за гиганти во Македонија.