text size
Законското решение со кое е уредено дека недела е неработен ден и кое е во сила нема бизнис логика, велат од Стопанската комора и додаваат дека не се откажуваат од барањата за прилагодување на законските одредби. Уставниот суд минатата недела одлучи да не поведе постапка за измените на Законот за работните односи во кој беше оспорено работењето во недела. Сепак од комората сега велат дека тоа не е причина да не ги продолжат разговорите со Владата, за да се конципира ново законско решение што ќе биде прифатливо за сите.