text size
Владата разработува нов модел на прогресивно даночење по домаќинство, наместо по физичко лице. Во разговор за емисијата „Zoom in“ (Зум ин) на ТВ Блумберг Адрија, заменик министерот за финансии, Филип Николоски рече дека новиот концепт е тема на дебата и треба етапно да се воведе во 2023 година. Според него, Владата нема да се откаже од прогресивен данок затоа што тој ќе обезбеди поголема правичност.