text size
Голем број македонски граѓани можеби никогаш не чуле за Сент Винсент и Гренадини или за Џерси иако станува збор за дестинации од кои во изминативе години има значителен прилив на странски директни инвестиции во Македонија. Податоците на Народната банка покажуваат дека вкупната сума инвестиции во земјава од острови од Карибите и други локации кои важат за офшор даночни раеви воопшто не е за потценување.