text size
Почна дебатата меѓу Министерството за финансии и бизнис секторот за иницијативата за воведување данок на екстра профит. Министерот Фатмир Бесими денеска одржал средба со претставници од најголемите стопански комори, Стопанската комора на РС Македонија, Сојузот на стопански комори, Стопанска комора на Северозападна Македонија и Македонската банкарска асоцијација, соопшти Министерството.