text size
Француските синдикати се на нозе и се подготвуваат за демонстрации на 19 јануари, откако претседателот Емануел Макрон најави подигнување на старосната граница за пензионирање. Според планот на француските власти, до 2030 година Французите, наместо на 62, ќе се пензионираат на 64 години. Целта на реформата, според премиерката Елизабет Борн, е да се заштитат јавните финансии на земјата и да се зајакне пензискиот систем.