text size
Во втората половина на февруари ќе биде распишан јавниот повик за изградба на интерконекторот за природен гас со Република Грција, а изградбата би требало да заврши до крајот на 2024 година. Во моментов се работи и на нов интерконектор со Република Србија, додека за интерконектор со Косово, обрските од наша страна се завршени, се очекува одлука од косовската страна за реализација на овој проект, вели министерот за економија Крешник Бектеши.