text size
Точно пред една година, лани на 8 март, цената на нафтата го достигна врвот во последната глобална криза. На тој ден барел се тргуваше по цена од 127, 98 долари. Денеска, една година подоцна, цената на „црното злато“ се врати на нивоата од пред воената криза во Европа, или поточно на нивото од јануари 2022 година, и барел нафта чини 80 долари.