text size
Под еден процент од вложувањaта на домашните банки се пласмани во хартии од вредност што се издадени од странски издавачи. Со ова банкарскиот сектор, како што велат од Народната банка, е позаштитен од ризици слични на тие на кои бевме сведоци во минатиот период. Последниот е тој што го шири швајцарската банка „Кредит Суис“ (Credit Suisse), која сега веќе има нов сопственик, откако УБС склучи договор за купување на својот помал ривал за околу 3,3 милијарди долари во договор за акции што вклучува обемни гаранции и одредби за ликвидност. Прашавме дали има наши финансиски институции што имале хартии од вредност во швајцарската банка, со оглед на тоа што има обврзници издадени од „Кредит Суис“ што беа практично збришани. Сепак, домашните банки не се изложени на таков ризик, затоа што своите средства ги пласираат конзервативно, тврдат од Народната банка.