text size
На наплатните станици во државава лани е остварен промет во износ од 3,2 милијарди денари (53,2 милиони евра), информираат од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПД). Ланските приходи се за 6,6 милиони евра повеќе во однос на тие во 2021 година кога изнесуваа 46,4 милиони евра.