text size
Иако важи за земјоделска земја, Македонија за многу производи е увозно зависна, а тоа особено дојде до израз лани, кога војната во Украина предизвика проблеми со снабдувањето со храна во светот. Последиците ги почувствува голем дел од светот, како и Македонија, кога на двапати мораше да се забрани извоз на одредени производи, а се презедоа и други мерки за да се обезбедат потребните количества за домашниот пазар.