Владата денеска донесе одлука со која се коригираат некои од замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот. Како што изјави министерот за економија Крешник Бектеши, во согласност со одлуката, килограм домати и краставици ќе чинат максимум 95 денари, килограм пипер до 100 денари, килограм грав 95.
Кромидот поскапува за десет денари и ќе биде 70 денари, а само леќата, како што истакна Бектеши, ќе биде над 100, односно ќе се продава по 110 денари за килограм.
Според владината одлука, килограм банани ќе чинат до 75 денари, килограм портокали до 60, килограм мандарини до 65 и килограм лимони до 60 денари.
Прочитај повеќе

Ќе замрзнат цените на овошјето и зеленчукот
Кај некои од производите маржите изнесувале од 100 до 200 отсто, вели Бектеши
01.04.2023

Битиќи: Замрзнувањето на цените е показател дека вистински се грижиме за сите
Во помалите градови лебот се продаваше под цената која ја одреди Владата
02.04.2023

Од среда поевтинува дел од овошјето и зеленчукот
Според владината одлука, замрзнатите цени ќе се применуваат и на зелените пазари од 5 до 30 април.
03.04.2023

ДПИ во контроли на увозниците на овошје и зеленчук
Се контролираат производите по одлуката на Владата за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот.
08.04.2023
„Контролите ќе продолжат, ситуацијата ќе се следи секојдневно и ако е потребно, повторно ќе се интервенира доколку забележиме намалени увозни цени. Граѓаните да бидат спокојни“, истакна министерот.
Бектеши очекува дека ќе се почитува одлуката што е донесена зашто, како што напомена, последната недела се забележани зголемени увозни цени за над 30 отсто на одредени производи - домати, краставици, кромид и грав.
„Овие фактури што веќе се доставуваат во Царинската управа се пологични од претходните, но ова не значи дека тука завршуваат контролите и инспекциите“, подвлече Бектеши.
Ваквото ограничување на највисоките цени на овошјето и на зеленчукот во трговијата на мало, останува да важи до 30 април 2023 година, а ќе стапи во сила по објавувањето во „Службен весник“, посочуваат од ресорното министерство.